Милиони луѓе во светот имаат проблем со згрутчување на крвта. Некои поради пребрзо згрутчување мора да змеаат лекови кои ја разредуваат крвта, додека други поради баното згрутчување земаат лекови за да се искрварат со смрт поради мала исеченица или поврда.
Но, за да знаат кои лекови да ги земаат пациентите мора да прават тестови, кои било поради финансиски причини или некоја друга причина не се достапни за нив.
Затоа, група научници од Универзитетот Вашингтон разви едноставно и евтино решение за тестирање на згрутчувањето на крвта кое може да се направи дома, а доволно е да имате само паметен телефон и мал пластичен сад.
За тестирање дома доволно е да капнете една капка крв во пластичен сад и да ја ставите на држач кој ќе ја држи над камерата од телефонот. Во садот потоа се додава хемикалија за тестирање ан згрутчувањето на крвта и мали честички бакар. За да почне тестирањето доволно е да се вклучат вибрациите на телефонот. Тие ги мешаат хемикалиите, крвта и честичките бакар, а камерата го детектира нивното движење. Кога ќе забави движењето на честичките, тоа е знак дека крвта почнала да се згрутчува.
Битно е да се напомене дека научниците осмислиле систем кој може да се користи речиси каде било, а е исто прецизен како лабораториските. За да докажат дека нивниот систем функционира тие тестирале крвна плазма од 140 пациенти од Универзитетскиот медицински центар во Вашингтон. Исто така, ја тестирале крвта и на 79 пациенти за кои знаеле дека имаат тешкотии со згрутчувањето на крвта. И во едниот и во другиот случај добиле слични резултати со тие добиени во лабораторија.
Нивниот систем за тестирање уште е во фаза на докажување. Голакот и неговиот тим јавно го објавија алгоритамот кој го користеле за пресметување на времето потребно за згрутчување на крвта, а моментално го истражуваат потенцијалот за комерцијализација на ваквиот начин на тестирање.
(University of Washington)
(фото: Flickr)