Нова студија на Универзитетот Илиноис откри дека латинските танци ја подобруваат меморијата кај постарата популација. Студијата откри дека луѓе постари од 55 години по потекло од латинските земји кои учествувале во осуммесечна програма за танцување ја подобриле својата работна меморија. Групата потоа била споредена со контролна група која посетувала работилници за едукација за здравјето.
„Танцувањето е когнитивен предизвик. Кога учите нови чекори, мора да научите како да ги комбинирате во секвенци. Како што напредуваат часовите со тек на време мора да се сеќавате на чекорите кои веќе сте ги научиле за на нив да ги додадете новите чекори“ вели водечкиот автор на студијата, Сузан Агињага, професор во кјинезиологија и социјално здравје на Универзитетот Урбана Шамејн во Илиноис.
Програмата за танцување се вика BAILAMOS и вклучува четири типови латински стилови на танцување: меренге, салса, башата и ча-ча-ча. Агињага вели дека постарите луѓе од латинските земји ги привлекуваат латинските танци затоа што на некој начин пораснале со нив.
Во студијата учествувале над 330 возрасни средовечни или постари жители на латински земји, кои по случаен избор биле вклучени во контролна група или група за танцување. Контролната група се состанувала еднаш неделно и имала по 2 часа предавања за здравјето на теми како изхрана, дијабетес и намалување на стресот.
Истражувачите ја проверувале работната меморија на учесниците со користење на седум неуропсихолошки тестови пред да почне програмата, после четири месеци од почнувањето и на крајот на осуммесечната програма. Откриле дека нема разлика во когнитивните способности меѓу учесниците пред почетокот на програмата, но после осум месеци луѓето кои биле дел од групата за танцување имале значително подобри резултати на тестовите за работна меморија.
Студијата е објавена во весникот Frontiers.
(Interesting Engineering)
(фото: Pxhere)