McDonald’s во Швајцарија почна да прифаќа биткоин

- Advertisement -

Фондацијата Plan ₿, која е заедничка иницијатива на швацарскиот град Лугано и компанијата која ја издава криптовалутата тетер, најави соработка со GoCrypto за официјално да почне да се прима плаќање со биткоин, тетер и официјалниот токен на градот Лугано, LVGA. Со тоа на граѓаните ќе им овозможат да ги користат своите криптопаричници во McDonald’s и кај други трговци.

Од GoCrypto најавија дека со криптовалутите ќе може да се плаќа кај десетина локални трговци, меѓу кои има и уметнички галерии. Корисниците таму ќе можат да платат со Bitcoin Lightning Network, USDT и LVGA, додека градот ќе работи на тоа да донесе повеќе бизниси во текот на наредните 25 дена.

- Advertisement -

До крајот на 2023 година фондацијата Plan ₿ сака да вклучи над 2.500 трговци во својата мрежа за плаќање со криптовалути. Во меѓувреме, очекуваат да услужат над 2.000 корисници на претстојниот Plan ₿ форум, односно конференција за биткоин која ќе се одржува на 28 и 29 октомври во Лугано.

На Twitter беше објавено кратко видео на кое се гледа како човек нарачува оброк на дигитален киоск на McDonald’s и нарачката ја плаќа во биткоин преку мобилна апликација.

- Advertisement -

Некои од производите и услугите кои сега граѓаните на Лугано ќе можат да ги плаќаат со криптовалути се јавни услуги, лични и корпоративни општински даноци, давачки за лични карти и пасоши, давачки за натурализација, школарина за јавни училишта и кирија за простори за изнајмување.

(Crypto News)

- Advertisement -

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -