Роботско колено им помага на луѓето со ампутирани нозе да одат

- Advertisement -

Луѓетo со ампутирани нозе кои добиваат роботски екстремитети вообичаено не можат веднаш да ги користат затоа што е потребно подолго време за да гo прилагодат на својот стил на движење, но тоа не важи за новото колено SuKnee, кое е подготвено за користење за само 10 минути.

Научниците развија систем за вештачка интелигенција кој може да го подеси роботското колено за само 10 минути, по што корисникот може да оди. Системот користи алгоритам за препознавање сензорски податоци, поставува безбедносни граници и го учи подесувањето кое може да обезбеди стабилен и лесен од.

- Advertisement -

Роботското колено уште не е подготвено за широка употреба затоа што научниците мора да проверат како функционира на угорнини, по скали и на тешки терени, а има и други предизвици. Сепак, коленото дефинитивно навестува светла иднина, а луѓето со ампутирани нозе ќе поминуваат помалку време во клиники и повеќе ќе уживаат во слободата. Подесувањата засега се вршат по жичан пат.

Сподели!
- Advertisement -