Најголемиот батериски систем на европскиот континент штотуку почна со работа во Источен Јоркшир, објавија од компанијата која го изгради, Harmony Energy. Како што велат оттаму, батериските системи за скалдирање енергија се неопходни за да се искористи целосниот потенцијал на обновливата енергија во земјата, а се надеваат дека ова нивно решение ќе го направи Јоркшир лидер во зелени енергетски решенија.
Овие проекти ќе играат главна улога во достигнувањето нула емисија на стакленички гасови, а ќе осигураат и енергетска стабилност во Велика Британија и намалување на зависноста од увозот на гас.
Батериските системи од овој тип функционираат така што ја складираат енергијата создадена од обновливи извори како што се соларната енергија и ветро. Кога ќе има поголема побарувачка за енергија, складираната енергија ќе се пушти во националанат мрежа до домовите и бизнисите. Овој конкретен батериски систем може да складира 196 мегават-часови електрична енергија во еден циклус, што е доволно за да се напојуваат 300.000 домови во период од два часа, велат од Harmony Energy.
Проектот се вика Pillswood и планирано било да почне со работа во две фази – едата во декември годинава, а другата во март 2023 година, но проектот бил забрзан поради енергетската криза како резултат на војната во Украина и недостигот на гас во Европа. Велика Британија добива 40% до 60% од електричната енергија од гас, а моментално не е сигурно кога ќе го снема гасот.
(фото: YouTube)