Rolloe е велосипед кој го чисти воздухот додека го возите

- Advertisement -

Кодека возел велосипед по улиците на Лондон добитничката на наградата Design Innovation in Plastics (DIP) за 2020 година, Кристен Тапинг, добила идеја за Rolloe, велосипед кој го филтрира воздухот од загадувањето. Знајеќи дека со движењето на велосипедот се создава кинетичка енергија, Тапинг почнала да развива прототип од картони. Користела чад и обичен фен за коса за да ги покаже можностите.

Иако идејата е скалабилна за повеќе примени, Тапинг почнала со велосипед со тркала затоа што тие се слични на постојната технологија за филтри за воздух. За да избегне повторување на нешто што веќе е измислено, Тапинг ескпериментирала со различни техники за создавање вакуум и вовлекување на нечистиот воздух, а потоа испуштање на чист воздух надвор.

- Advertisement -

Концептот е едноставен. Кога се движи велосипедот се вовлекува воздухот во четирите филтри за филтрација на воздухот, се чисти воздухот додека се вози велосипедот низ загадените градови илис ела. Додека секој може да го користи Rolloe, главниот таргет маркет се луѓето кои постојано патуваат од работа до дома со велосипед и апликациите за споделување велосипеди.

Дополнително, Rolloe може да се конектира со апликација која на велосипедистите им овозможува да споделуваат информации за растојание и да си задаваат цели. Учесниците во таквтаа програма потоа ќе бидат наградувани со кредити за локалните бизниси во зависност од километрите што ќе ги поминат. Според Тапинг, кога само 10% од жителите на Лондон би користеле Rolloe, тие би прочистиле 266.865m³ воздух или 20 пати поголема површина од плоштадот Трафалгар.

- Advertisement -

Филтрите може да се чистат и да се реупотребуваат. Деловите се така дизајнирани за лесно да може да се расклопат и да се постават, а на крајот од животниот век и да се рециклираат. Rolloe моментално е во развој и целта е да стане комерцијално достапен на почетокото на 2022 година. Крајниот производ ќе биде направен од рециклирана пластика.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Rolloe screenshot)

Сподели!
- Advertisement -