Основачот на SpaceX и извршен директор на Tesla, Илон Маск, е познат по своите предупредувања за опасностите од вештачката интелигенција. Сега уште еднаш ја искажа својата загриженост и на 12-те милиони следбеници на Twitter им посочи дека трката за вештачка интелигенција може да предизвика нова светска војна.
Коментарот на Маск не е неоснован и го предизвикаат неодамнешните изјави на рускиот претседател, Владимир Путин. Минатата недела во своето обраќање пред група студенти Путин истакна: „Вештачката интелигенција е иднината не само за Русија туку за целото човештво. Кој ќе стане лидер на тоа поле ќе завладее со светот“.
Макс предупреди дека доколку се случи тоа, поселдиците ќе бидат страшни. Серискиот претприемач истакна дека не го загришуваат конкретно државите кои ќе имаат најмоќна вештачка интелигенција туку моќта што ќе ја има интелигенцијата.
Маск честопти предупредува на опасноста од роботите по шовештвото и презема мерки за да го спречи тоа. Иако многу експерти за вештачка интелигенција и технолошки компании очекуваат многу позитивна иднина со вештачката интелигенција, бројни се тие како Маск кои прават напори животот на Земјата и во иднина да биде безбеден.
(Entrepreneur)