Данска ќе забрани производство на јајца од кокошки во кафези

- Advertisement -

Данска се подготвува да воведе забрана за производството на јајца на фарми во кои кокошките живеат во кафези од идната година и целосна забрана на фармите до 2035 година. Од данското Министерство за храна, земјоделство и рибарство истакнаа дека од идната година сакаат да забранат производство на јајца на фарми за кокошки.

Целосната забрана ќе следува после 12 години транзициски период за да се осигура целосната конверзија на производството, додадоа од Министерството.

- Advertisement -

„Сакаме што побрзо да ги исфрлиме од употребата јајцата добиени од такви фарми за кокошки. Но, имаме одговорност кон производителите на такви јајца“ изјави данскиот министер за земјоделство, Расмус Прен.

!2-годишниот период на транзиција ќе овозможи да се избегне експропријација и на фармерите ќе им даде доволно време за да најдат финансии за да го сменат начинот на производство.

- Advertisement -

Супермаркетите Lidl уште од 2015 година не продаваат такви јаца. Други супермаркети како Coop и Dansk Supermarked го следеа нивниот пример, што значи дека најголем дел од супермаркетите во Данска не продаваат јајца од кокошки кои живеат во кафези.

ЕУ забрани мали кафези за кокошки уште во 2012 година, но кокошките се уште може да се чуваат во поголеми кафези за производство на јајца. Производството на јајца од такви кокошки во Данска се намали од 61% во 2010 година на само 13% во 2021 година.

- Advertisement -

„Кокошките целиот свој живот го поминуваат во кафези со ограничен пристор за движење на крилата. Данска на многу начини е лидер на полето на земјоделството, а ова мора да биде уште еден пример кога ќе се погрижиме првенствено за здравјето на животните“ изјави министерот Прен.

(The Local)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -