Како да си го организирате денот за максимална продуктивност?

- Advertisement -

Најуспешните претприемачи остануваат организирани и фокусирани бидејќи следат рутина. Дали сте вие еден од нив?

Кога имате многу обврски кои знаете дека ве чекаат наредниот ден, можете да се чувствувате нервозно и да имате потешкотии со тоа од каде да започнете. Но да се има рутина значи да се креира структура на денот која ќе ви овозможи да ги завршите обврски за помалку време.

Повеќе од 40% од работното време луѓето го минуваат непродуктивно но ова може драматично да се промени доколку се следи одредена рутина и се применат одредени организациски стратегии.

- Advertisement -

Еве шест совети за тоа како да приоритизирите и да ја зголемите продуктивноста.

  1. Испланирајте го денот однапред

Според некои истражувања, просечниот вработен минува 13 часа во неделата одговарајќи и пишувајќи е-меилови. Доколку се фокусирате на е-меилови на почетокот на работниот ден, тогаш губите многу време и продуктивност.

- Advertisement -

Во својата книга „Седум навики на најефективните луѓе“, Стивен Кови пишува дека многу од нас се посветуваат на она што е итно наместо на она што е важно.

Пред да го отворите вашето електронско сандаче, напишете си листа со дневните обврски кои се надевате да ги завршите. Ова можете дури да го правите и на крајот на денот за следниот ден. Овој план ќе ви помогне да завршите повеќе нешта и да се осигурате дека работата која ја вршите е добра за вашиот бизнис.

- Advertisement -
  1. Фокусирајте се на три важни задачи во денот

Многу од нас лесно заглавуваат во итните обврски кои се појавуваат на дневна база, но она што треба да се има во предвид се крајните цели. Најдобро е да се означат три важни и големи задачи како приоритетни и да се завршат доколку е можно на почетокот на работниот ден.

Игнорирајте ги нештата кои можат да ви го одвлечат вниманието и не дозволувајте да ве прекинуваат додека работите на овие три нешта.

Вработените најчесто минуваат околу два часа секој ден фокусирајќи се од почеток на одредени обврски бидејќи нешто им го одвлекло вниманието.

  1. Завршете ја прво најтешката задача

Во својата книга „Работна недела од четири часа“, Тим Ферис пишува дека зафатеноста најчесто се користи како изговор за да се избегне критичната задача која не’ прави да се чувствуваме непријатно.

Ние би направиле се’ за да го одбегнеме она за кое очајуваме најмногу. Но задачите кои најмногу не ни се допаѓаат се најчесто најважните. Наместо да ја мислиме обврската цел ден, најдобро е да ја завршиме прва.

Доколку ја завршиме прво најтешката задача тогаш останатите задачи ќе ни се чинат полесни во споредба со првата. Подобро ќе се фокусираме на останатите бидејќи најтешкото веќе ќе биде зад нас.

  1. Распоредето го времето во фази

Ако преминувате од задача на задача, тогаш ќе ви се чини дека сте многу зафатени иако вистината е дека не завршувате многу работа. Да се биде најпродуктивен значи најголемата и најтешката задача и еден дел од денот да се посвети исклучиво на неа.

Менторот за лидерство Мајкл Хајат пишува на својот блог дека мозокот може да остане фокусиран само одреден дел од денот.

Продуктивноста и извршувањето се на највисоко ниво во непрекинувачки интервал од 90 минути, па така организирајте си го денот во фази од по 90 минути. За време на една фаза, не започнувајте друга задача и игнорирајте ги дистракциите.

  1. Групирајте ги задачите

Многу луѓе сметаат дека се добри во мултитаскинг, но тоа е мит. Истражувачи од Универзитетот во Мичиген откриле дека продуктивноста се намалува за 40% кога луѓето се обидуваат да завршат две или три задачи истовремено.

Наместо ова, групирајте си ги задачите кои се слични и завршете ги во една фаза од 90 минути. На пример, завршете ги сите телефонски разговори кои сте ги планирале во еден час или креирајте содржина за вашиот веб сајт.

  1. Правете паузи

Никој не е продуктивен 24/7. Важно е често да се прават паузи за да ви се одмара мозокот. На овој начин ќе можете да се вратите освежени на секоја задача и ќе бидете подготвени да завршите повеќе работа.

Во книгата „Работна недела од четири часа“, Тим Ферис додава дека комбинацијата од периоди кога сте активни и периоди кога одмарате е неопходна за опстанок, а уште повеќе за успех. Планирајте си го денот според ова.

(entrepreneuer.com)

Сподели!
- Advertisement -