Светскиот економски форум го објави најновиот извештај за глобалната конкурентност на економиите во светот. Индексот на глобална конкурентност мери 12 фактори како што се: ниво на продуктивност на земјата, вклучувајќи ги институциите, инфраструктурата, макроекономската средина, здравството, образованието, развојот на пазарот за финансии, технолошката подготвеност, големината на пазарот, иновативноста. Исто така, ги зема предвид и резултатите од истражувањето на 13.000 бизнисмени од 133 земји. Истражувањето беше спроведено од февруари од јуни годинава.
Според годинашниот индекс на конкурентноста, на прво место како најконкурентна економија во светот се наоѓа Швајцарија.
Швајцарија е лидер на листата изминатите шест години. Швајцарскиот пазар на труд се смета за најдобро функционален на глобално ниво, додека земјата е на второ место споре усвојувањето на технологијата за поголема продуктивност. По 3 години на третата позиција, САД годинава се искачија на второто место и го истисна Сунгапур, кој сега падна на третата позиција. Еве кои се топ 10 најконкуретни економии за 2017-2018 година.
1.Швајцарија
2.САД
3. Сингапур
4. Холандија
5. Германија
6. Хонгконг
7. Шведска
8. Обединето Кралство
9. Јапонија
10. Финска
Во рамките на извештајот се рангираат и најиновативните економии во светот. Во топ 10 годинава се следните земји:
1.Швајцарија
2.САД
3. Израел
4. Финска
5. Германија
6. Холандија
7. Шведска
8. Јапонија
9. Сингапур
10. Данска
Додека во однос на технолошката подготвеност, следните земји се најдоа на првите 10 позиции на листата:
1. Луксембург
2. Швајцарија
3. Холандија
4. Обединето Кралство
5. Шведска
6. САД
7. Израел
8. Германија
9. Хонгконг
10. Исланд0
Source: WEF
Што се однесува на Македонија, годинава нас не нема на листата. Од нашите соседи најдобро е рангирана Бугарија на 49-то место, па следуваат Хрватска на 74-то, Албанија на 75-то, Србија на 78-мо и Грција на 87-мо место.
Извештајот предупредува дека поединечни национални економии мора да преземат повеќе мерки за да се заштитат од потенцијалните шокови од иновациите и автоматизацијата. Светскиот економски форум предлага флексибилноста на пазарот на труд да се комбинира со повеќе заштита на правата на работниците и со напори за намалување на нееднаквоста. Креаторите на политики, особено во пазарите во развој, треба да работат повеќе на ширење на бенефитите од технолошкиот напредок. Светскиот економски форум изрази страв дека доколку светот се соочи со уште една финансиска криза, глобалната економија ќе биде целосно изложена на опасност.
(Quartz)