Наскоро на Netflix сами ќе можете да го изберете крајот на ТВ емисиите

- Advertisement -

Netflix, најголемата платформа за гледање серии и филмови, наскоро на своите гледачи ќе им овозможи сами да го изберат крајот на омилените ТВ емисии. Така ќе отидат чекор напред во создавањето интерактивна телевизија. Компанијата од Калифорнија работи на специјали кои на корисниците ќе им овозможат сами да одлучат како ќе се одвива дејствието.

- Advertisement -

Уште претходно Netflix го објави анимираниот филм „Puss in Book“, каде што гледачите можеа да изберат алтернативен крај. И HBO се обиде да воведе ваков облик на интерактивна телевизија со серијата „Mosiac”, но Netflix сака тоа да стане вообичаено. Се верува дека првата таква епизода ќе биде токму новата сезона од мегапопуларната серија „Black Mirror”, која би требало да биде објавена кон крајот на годината.

Сподели!
- Advertisement -