Ова се ТОП 3 ланци на маркети во Македонија според бројот на потрошувачи

- Advertisement -

Агенцијата Инсидер ИД овој месец спроведе истражување „Анализа на влијание на промотивни активности, карактеристики на производ, фактори при избор и рангирање на маркетите во Македонија” кое ги одреди првите три ланци на маркети во кои македонските потрошувачи најмногу пазарат. Истото е спроведено помеѓу 1440 активни потрошувачи на државно ниво.

На ниво на Македонија според потрошувачите, Кам маркет е на првото место со 67%, на второто место е Тинекс со 40% и на третото Веро со 26%.

- Advertisement -

Според просечните месечни приходи, потрошувачите со највисоки месечни примања пазарат во Веро во споредба со другите два трговски ланци. Интересна е позицијата на Кам каде јасно е забележливо приближното учество помеѓу различните типови на потрошувачи. Тинекс со распоредот е помеѓу Кам и Веро, во кој има јасен тренд на покачување на потрошувачите од најниски приходи до 250 евра до над 500 евра.

- Advertisement -

Во последната деценија во подем се маркети во категоријата на хард дисконти како Кам Маркет, Стокомак и Киппер, насочени кон потесен асортиман, приватни марки или брендови кои само тие ги дистрибуираат, квалитетни производи и пониски цени од конкуренцијата.

- Advertisement -

Поради разликите во асортиманот и ценовната структура на различните маркети, потрошувачите во Македонија не пазарат од еден маркет, туку дел од производите ги набавуваат од хард дисконтите кои се приближно во секоја комбинација на потрошувачите, додека останатите од класичните ланци на маркети.

Потрошувачите навеле дека пазарат во повеќе од 50 различни национални и локални трговски ланци. Регионалната анализа прикажува структура во која освен националните ланци на маркети како Тинекс, Кам Маркет, Веро, Жито Маркети, Рамстор и Стокомак, потрошувачите им даваат значење и на локалните маркети кои имаат солиден дел од пазарното учество.

(Marketing365)

Сподели!
- Advertisement -