А замисли само за миг, дека твојата вештина во спортска видео игра, те носи до фотелјата на главниот тренер за да видиш како е да се биде фудбалски менаџер… во реалниот живот
Секој фудбалски фан којшто со страст ги следи годишните возбудливи натпревари од Лигата на шампионите, сонува лично да го поведе својот омилен тим во слава и победа.Затоа, имаме спортски видео игри, нели?! Нема подобро чувство од тоа да останеш цела ноќ буден пред екранот и да победиш со својот омилен тим во првенството, иако реално твојот миленик нема никакви шанси сезонава.
А замисли само за миг, дека твојата вештина во спортска видео игра, те носи до фотелјата на главниот тренер за да видиш како е да се биде фудбалски менаџер… во реалниот живот.
Па така, сите саати поминати играјќи видео игри кои симулираат менаџирање на виртуелниот фудбалски тим, не се залудно потрошено време.
Таков е примерот со Вугар Хусеинзаде, кој на 22 години стана главен фудбалски менаџер на ФК „Баку“ и воедно најмладиот менаџер во светски рамки. Дотаму стигна играјќи видео игри кои симулираат менаџирање на фудбалски клубови, стекнувајќи виртуелно искуство цели 9 години.
Поради природата на фудбалот и целата сензација на играта, изнаоѓањето на талент од зад компјутерот не само што е огромна задача, дури претставува помалку возможна мисија. Но, назначувањето на Вугар за менаџер на ФК „Баку“ на 22 години е пример кој охрабрува и потврдува дека менаџерскиот стратегиски сенс лесно се препознава. Вагу дури на шега вели: „Ако сакаш да започнеш да се занимаваш со одгледување на животни и растенија, нели е полесно првин да поиграш Фарма на Facebook?!“
Дали мислиш дека и ти би се снашол на оваа позиција? Убеден си! А зошто не би пробал првин во виртуелниот свет?! Ќе чини помалку пари и нервоза!
Ако сé уште не си сигурен дали си роден фудбалски менаџер обиди се со тоа што ќе ја симнеш апликацијата Telekom Fantasy Football, достапна за сите страсни љубители на фудбалот. Со онлајн играта, корисниците на Македонски Телеком имаат уникатна можност да бидат менаџери на најдобрите фудбалери во светот.
Правилата се едноставни. Состави го својот dream team од професионални играчи и собирај поени од секој натпревар на Лигата на шампиони. Корисникот којшто ќе освои најмногу поени во секое коло добива PlayStation 4 и видео игра FIFA18, а најдобриот менаџер за сезоната 2017/2018 добива две карти за големото финале кое ќе се оддржи во Киев наредната година. Апликацијата Telekom Fantasy Football е достапна за корисниците на Андроид на следниот линк, а за корисниците на iOS на следниот линк.
Повеќе за Telecom Fantasy Football на следниот линк.