Пријателите на „Божиновски часовници и накит“ и претставниците на медиумите имаа несекојдневна можност да бидат во друштво на најголемиот шармер на овие простори неповторливиот Раде Шербеџија, зад сцената на МОБ, веднаш после одржувањето на неговиот концерт во Скопје
„Ни претставува посебна чест што Шербеџија се одважи да биде со нас вечерва, затоа што неговиот лик и дело, неговите бескрајно романтични приказни, најдобро ја отсликуваат пораката која што сакаме да ја пренесеме со нашата кампања „Победи го времето – Живеј го моментот“. Нема потреба од дополнителни зборови, ќе го оставиме времето да ги брои секундите, а ние ќе продолжуваме да ги броиме моментите“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“.
Пријателството меѓу „Божиновски и часовници и накит“ и Шербеџија беше овековечен со часовник од брендот Tissot кој сопственикот на компанијата Игор Божиновски во знак на пријателство му го додели на познатиот уметник со порака овој часовник да брои само убави моменти во животот.
Од самиот старт на кампањата „Победи го времето – Живеј го моментот“, од Божиновски реализираа неколку настани кои што се во духот на кампањата. Фестивалот на филмска камера Манаки и концертот на Стинг, беа само дел од настаните кои му служеа како инспирација на македонскиот часовничарски бренд да ја земе улогата, да се позиционира како потсетник на јавноста дека не треба да пропуштаме ниту една единствена минута и уште веднаш да се впуштиме во потрага на убавите моменти околу нас и воздивнувајќи ја културата како најсветлата точка во нашето опкружување, да отскокнеме од сивилото кое се за жал со се посилен интензитет навлегува длабоко во нашето општество.
„Иако работиме со часовници ние ја немаме моќта да го вратиме времето наназад и да ги поправиме грешките од минатото кои не довеле до таквата ситуација, но преку нашата кампања можеме да се обидеме во иднина што повеќе часовници да бројат што повеќе убави моменти и на тој начин да го победиме сивилото, тоа е наша заедничка задача, а нашата кампања е само мал чекор во постигнување на заедничката цел. Во тој поглед индивидуалната прецепција на времето е можеби најважна од се“, истакнаа од Божиновски.
Позади сцената на МОБ покрај Раде Шербеџија и неговиот бенд, присуствуваа и Влатко Стефановски и браќата Тавитјан што предизвика вистинска возбуда помеѓу присутните.