Виртуелен робот кој изгледа како седумгодишно момче официјално доби статус на граѓанин на една од централните општини на Токио.
Роботот кој е именуван Мираи, што значи иднина, не постои во реалноста, но вештачката интелигенција му дозволува преку текст да разговара со луѓето со помош на апликација наречена LINE, соопштува N1 Info.
Модерниот кварт Шибуја одлучи да го регистрира роботот под името Шибуја Мираи и да му додели вистински идентитет, што прв ваков случај во Јапонија.
Освен допишување, Мираи сака да фотографира и да ги менува селфи фотографиите кои му ги испраќаат соговорниците.
Еден од вработените во општината наведува дека Мираи може да придонесе кон тоа општината да стане препознатлива и да овозможи комуникација на граѓаните со локалните власти.