Унгарија има недостиг од работници – ќе вработува пензионери за да го одржува во живот туризмот

- Advertisement -

Со својата зеленкаста вода, белите песочни плажи, живописните планински пејзажи и гратчињата околу езерото Балатон, Унгарија има многу да им понуди на туристите. Но, недостигот од работна сила, ниските плати и политиката против имигранти ја отежнува ситуацијата за локалниот туризам.

Балатон беше популарна дестинација во времето на комунизмот, а посетителите и денес во се поголем број стигнуваат на најголемото езеро во централна Европа за да уживаат во тамошната клима, плажите, кафулињата и рестораните. Тоа им задава главоболка на сопствениците на ресторани и хотели, кои не можат да најдат работници. Невработеноста во Унгарија е на историски ниско ниво од 3,6%,  а премиерот Виткор Орбан жестоко се противи на имиграцијата, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Со просечна плата помала од 530 евра и околу половина милион луѓе кои изминатата деценија заминале во западните земји, Унгарија остана без потребните работници. Иако има една од најмалите стапки на плодност во ОЕЦД и помалку од 10 милиони жители, унгарската влада ги игнорира повиците на стопанствениците да ги отворат границите за квалификувана работна сила.

- Advertisement -

Еден сопственик на ресторан открива oткако годинава се покачиле платите, успеал да најде неколку работници. „Дури и кога ќе најдеме некој, постојат големи шанси брзо да даде отказ. Поради фестивали, летувања и други настани младите не остануваат на работа во Унгарија. Не се осмелувам да ги критикувам работниците од страв дека ќе си заминат“ вели тој.

Унгарија со својата репутација на евтина туристичка дестинација годинава има пораст на приливот на туристи од 7%. За да се справат со недостигот од работници неколку хотели во Будимпешта почнаа да ги поедноставуваат услугите на рецепција инспиррани од check-in системите на авиокомпаниите. Но, проблемот е тешко решлив за работите за кои е потребна експертиза како што се готвачите, главните кленери или менаџерите.

- Advertisement -

Во потрага за решение, унгарската влада се обидува да ги убеди пензионерите да се вратат на работа, нудејќи им да ги ослободи од плаќање социјални придонеси и намалување на данокот на 15%. Будимпешта минатата година доби дозвола да увезе работници од земјите кои не се членки на ЕУ како што се Украина и Србија, со право да работат до 90 дена без работна дозвола, но тие мерки засега не можат да го решат проблемот со недостиг на работна сила.

Сподели!
- Advertisement -