Најбогатите 1% од луѓето сега поседуваат повеќе од половина од богатството на останатите жители на Земјата, според анализата на Credit Suisse. Според нив, нерамномерната распределба уште повеќе ќе се влошува и најтешко ќе им биде на миленијалците. Швајцарската банка го објави својот последен извештај за глобалното богатство, Global Wealth Report,.
Како што пренесува Светски економски форум, истражувањето покажува дека се зголемува бројот на милионери кои своето богатство го чуваат во долари, гавно поради тоа што вредноста на еврото создаде повеќе од 620.000 милијардери во Германија, Франција, Италија и во Шпанија. Но, речиси половина од милионерите чие богатство се мери во долаи се во САД.
Од Credit Suisse очекуваат да видат 22% пораст на брјот на милионери во долари до 2022 година – од 36 милиони на 44 милиони. Проблемот е во тоа што бројот на возрасни луѓе кои имаат помалку од 10.000 длари богатство се очекува да се намали за само 4%. Истражувањето на банката покажува дека нееднаквоста на богатството главно е резултат а финансиската криза. Богатството кое не се мери со пари се зголемува, но нееднаквата распределба и понатами расте.
Според сегашната ситуација, 3,5 милијарди луѓе – кои се околу 70% од сите возрасни луѓе во светот – поседуваат помалку од 10.000 долари. Тие се среќаваат кај помладите генерации, кои досега немале шанса да акумулираат богатство, но миленијалците се соочуваат со особено тешки околности во споредба со другите генерации. Кај нив е поголема веројатноста да бидат невработени или помалку да заработуваат, а помали се шансите да земат пензија. Средовечните луѓе денес имаат најголемо богатство, а миленијалците се во многу полоша ситуација отколку што биле нивните родители на таа возраст иако веројано се повеќе образовани.