Facebook по трет пат прворангиран на листата на најдобри компании за работење

- Advertisement -

Во листата кога традиционално ја објавува Glassdoor на 100 најдобри места за работење во 2018, Facebook е на прво место бидејќи вработените во компанијата рекле дека им се нуди уникатна кариерна можност, како и поради транспарентноста, пишува Inc.

Facebook е на врвот на листава три години по ред и покрај некои контроверзни ситуации од неодамна како извештајот кој покажа дека недоставува разновидност во компанијата, како и откритието дека руски оперативци ја искористиле платформата да шират пораки кои ги делат луѓето за време на американската претседателска кампања во 2016.

- Advertisement -

Сепак, вработените навеле за Glassdor дека компанијата успеала да одржи силна лидерска позиција. Моментално, постојат 2300 различни работни позиции во Facebook.

Веб страната на која вработените ги оценувале своите компании овозможува анонимно оценување на компаниите и менаџментот. Највисоко рангирани се компании од Силиконската долина, здравствени компании, компании во малопродажба и компании за храна и пијалоци.

- Advertisement -

Google се пласираше на петтото место, на четврттото место е ланецот за брза храна In-N-Out Burger, додека на деветтото место е St. Jude Children’s Research Hospital.

Погледнете ја целосната листа овде.

Сподели!
- Advertisement -