Првите приватни брзи возови во Америка ќе заменат 3 милиони возила

- Advertisement -

Америка не е позната по брзите возови, но новиот проект за експресен воз кој ќе тргнува од Флорида ќе ја смени таа перцепција. Возовите Brightline во сопственост на Florida East Coast Industries ќе бидат првите приватни брз возови во земјата и ќе им овозможат на луѓето да патуваат од Форт Лодердејл до Мајами за само половина час.

Жителите на Флорида наскоро ќе можат да ја поминат цела југоисточна Флорида за само еден час со Brightline. Проектот вреди 3 милијарди долари и ќе помогне да се тргнат од патиштата околу 3 милиони автомобили. Возовите, пак, ќе бидат „зелени“, односно ќе работат на нафта, но ќе емитуваат малку штетни гасови и ќе бидат тивки. Ќе возат по линијата на најпрометниот коридор во Флорида, каде што живеат околу 6 милиони луѓе и поминуваат многу туристи. 

- Advertisement -

Како што пишува Inhabitat, возовите Brightline ќе почнат да транспортираат патници од Вест Палм Бич со Форт Лодердејл во текот на декември, а на почетокот на 2018 година ќе возат до центарот на Мајами. Во втората фаза од проектот луѓето ќе можат да патуваат до Орландо. Од компанијата која раководи со проектот велат дека на секоја станица ќе има организирани автомобили за споделување превоз, а во текот на возењето во возот ќе има бесплатен Интернет.

Брзината на возот нема да биде толку голема како брзите возови во други земји. Возовите Brightline ќе патуваaт со максимална брзина од 190 км/час, а оперативната брзина ќе им биде околу 130 км/час. Од компанијата уште ги немаат потврдено цените на билетите, но се очекува дека од Палм Бич до Мајами ќе може да се стигне со билет од околу 16 долари.

Сподели!
- Advertisement -