Шестгодишниот Рајан заработува 11 милиони долари годишно оценувајќи играчки на YouTube

- Advertisement -

Рајан е автор и водител на својата емисија која се емитува на YouTube од која само оваа година заработил 11 милиони долари. Неговите родители му ги уредуваат и прикачуваат видеата, а Forbes го стави на 8. место на овогодинешната листа на најплатени YouTube-ери.

Неговиот канал Ryan ToysReview е многу популарен, а неговите родители го стартувале во март 2015 година. Во јули 205 година, го направиле најпопуларното видео до тогаш. Во видеото, Рајан отвора и оценува кутија која содржи преку 100 играчки од филмот на Pixar, Cars. Ова видео до сега има скоро 800 милиони прегледи.

- Advertisement -

Каналот сега оценува нови играчки и храна за деца, а во видеата коментарите и мислењата на ентузијастичниот Рајан се искрени и отворени без родителите да му посочуваат што да зборува.

Според порталот Verge, гледаноста на каналот кој веќе има 10 милиони претплатени корисници, овозможува заработка од 1 милион долари само од рекламирање месечно.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -