Од технологии кои ќе овозможат развој на земјоделство во вселената до радикално редизајнирање на спортска опрема, ова се осум компании кои претставија најреволуционерни производи во 2017 година.
1. Zero Mass Water
Станува збор за стартап кој е базиран во американската сојузна држава Аризона кои направија технологија со која можат да извлечат до пет литра вода за пиење дневно од воздухот користејќи супер апсорбирачки материјал. Системот кој се напојува на соларна енергија е во употреба во Јордан и Мексико, а на американскиот пазар се очекува да се појави до крајот на годината.
2. Descartes Labs
Идејата за оваа компанија произлезе од националната лабораторија на Лос Аламос. Се работи за анализирање на сателитски фотографии од Земјата со цел да се направат прогнози. Проектите работат на основа на вештачка интелигенција и можат да предвидат појави од сезона за парење на комарците во Африка до каква ќе се погоди сезоната за растење на пченка во Америка.
3. Lemonade
Овој стартап сака да го подобри моделот за осигурување на дом. Дел од полисата која вие ќе ја исплаќате, оди во добротворни цели наместо на сметката на осигурителната компанија. Системот исто така функционира на вештачка интелигенција која пресметува и ги намалува трошоците.
4. SkyCool Systems
Стартапот кој се роди на Универзитетот Стенфорд, измисли систем кој испушта топлина во вселената. Откако ќе се инсталира кон системот за ладење и греење на една зграда, оваа технологија ќе ги намали трошоците на зградата за 70%.
5. Lucid VR
Станува збор за камера со технологија на point-and-shoot која целосно ќе го промени начинот на кој се создава содржина за виртуелна реалност. Камерата не бара трипод или други додатоци, а чини 499 долари за да може скоро секој да си ја набави и да снима 3Д филмови во 180 степени.
6. Scoutible
Овој стартап сака да го промени процесот на барање на таленти користејќи видео игра. Со само 20 минутно играње, вештачката интелигенција позади играта ќе ги оцени кандидатите според карактеристики како емпатија и избегнување на ризици, овозможувајќи им на компаниите да се фокусираат само на потесен круг на кандидати за финалниот избор.
7. Vicis
Стартапот базиран во Сиетл создаде нов вид на кацига за играње рагби со милион додатоци која беше оценета како најбезбедна кацига за играње на рагби од страна на американската национална рагби федерација. Стотина професионални играчи веќе почнаа да ја користат оваа кацига оваа сезона.
8. Blue River Technology
Благодарение на компјутерски „вид“, овој стартап направи земјоделска машина која сама проценува кога билките треба да се испрскаат со пестицид. Фокусирајќи се само на растенијата кои навистина имаат потреба од пестицид, земјоделците ќе можат да го намалат користењето на вакви препарати и ѓубрива дури и до 90%.