- Advertisement -
Во 2018 година „Витаминка” влегува со нови амбициозни планови меѓу кои пуштање во употреба на новиот дистрибутивен центар, одбележување на 40 години постоење на брендот Stobi Flips и збогатување на портфолиото.
На појадокот за новинари организиран од компанијата беше најавен јубилејот, 40 години на брендот Stobi Flips, така што најголемиот фокус на маркетиншките активности ќе бидат насочени токму на овој бренд.
Со цел следење на трендовите во прехранбената индустрија, активно се работеше на диверзификација или проширување на портфолиото од производи. Така, на пазарот беше пласиран новиот Stobi Flips Magnus, а деновиве ќе биде достапен и Stobi Flips Magnus hot & spicy. Исто така, годинава беа пласирани и луксузните пакувања на Choko Stobi flips – лешник, бадем и аронија, истакна Нико Берберу, раководител на одделот за маркетинг на „Витаминка”.
Од компанијата истакнаа дека во текот на 2017 година во континуитет се вложуваше во подобрување на техничко-технолошките решенија, зголемување на производствените капацитети, а најголема инвестиција е изградбата на дистрибутивниот центар кој треба да биде завршен следната година. Центарот ќе се протега на површина од 3.000 м², а ќе има 4.000 палетни места и 6 рампи.
- Advertisement -