По автомобилите и камионите, Илон Маск ќе произведува и електричен пикап

- Advertisement -

Откако на почетокот на годинава најави производство на електрични камиони, директорот и основач на компанијата Tesla, Илон Маск, денеска потврди дека од идната година ќе почне да произведува и електричен пикап. На Twitter, Маск напиша дека дизајнот на електричниот пикап „го има во главата веќе 5 години“.

Маск вети и дека Tesla ќе почне да го произведува електричниот пикап веднаш по производството на електричните камиони и на новиот модел спортски автомобил Tesla Roadster. Може да се очекува дека првите електрични пикапи ќе ги видиме во 2019 година.

- Advertisement -

Како што пишува Klix.ba, во уште една објава на Twitter, Маск откри повеќе детали за пикапот. Возилото го опиша како слично на моделот F-150 на Ford. Тој рече дека можеби ќе биде малку поголем со оглед на неколкуте елементи кои планира да ги додаде. Texas е можна локација за втората фабрика за автомобили на Teslа во која компанијата ќе ги склопува и електричните пикап возила. Цената на пикапот на Teslа уште не е позната.

Сподели!
- Advertisement -