Илон Маск објави дека на Месечината ќе испрати сателит целосно платен со доџкоин – вредноста на валутата веднаш скокна за 30%

- Advertisement -

Американската компанија SpaceX во 2022 година ќе лансира сателит на Месечината кој целосно ќе биде платен со криптовалутата доџкоин, објави на Twitter шефот на компанијата, Илон Маск. На веб страницата на канадската компанија Geometric Energy Corporation (GEC), која е сопственик на сателитот, се напоменува дека тој ќе биде лансиран во првиот квартал од 2022 година со помош на ракетата-носач Falcon 9 и со сензори и камери ќе собира податоци за Месечината.

Со употреба на доџкоин во договор од вакви размери Geometric Energy Corporation и SpaceX ја зацврстија доџкоин како валута за лунарни вселенски мисии“, се вели во соопштението од GEC.

- Advertisement -

„Оваа мисија ќе ја покаже примената на криптовалутите надвор од Земјината орбита и ќе ги постави темелите за меѓупланетарна трговија“ изјавија од SpaceX.

Маск на почетокот на април напиша дека SpaceX ќе испрати доџкоин на Месечината, но не објасни точно на што мисли. После неговата најава вредноста на криптовалутата порасна на 30%. Во неделата, после веста за испраќањето на сателитот кој се плаќа со доџкоин, валутата порасна на 0,58 долари по единица во однос на 0,50 долари претходната вечер.

- Advertisement -

(tportal.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -