Социјалната мрежа Facebook сака да им го олесни на своите корисници процесот на пронаоѓање на локални вести и случувања поради што се одлучи да воведе секција во својата мобилна апликација токму за оваа намена. Како што пишува Klix.ba, делот кој моментално се тестира, ќе биде наречен Today In.
Тестирањето моментално се одвива во неколку градови како Њу Орлеанс, Литл Рок, Билингс, Биргамтон итн. Корисниците на социјалната мрежа кои живеат во овие градови ќе можат да го отвораат овој дел од апликацијата и да пронајдат локални информации, приказни од локални медиуми, важни новости од локалните власти итн.
Facebook користи „софтвер на учење“ за да овозможи редовно појавување на содржина во оваа секција. Од компанијата изјавиле дека ова е дел од иницијативата Journalism Project која е покрената после последните американски претседателски избори и појавата на лажните вести токму на Facebook.
Овој дел од апликацијата ќе вклучува и итни вести, а целта е да се рашири услугата со цел корисниците да можат да бидат во тек со случувањата во градовите во кои моментално живеат.