Uber ја стартуваше UberGREEN, нова услуга со електрични автомобили

- Advertisement -

Uber во неколку наврати најавуваше воведување електрични автомобили во својата понуда. Првата таква услуга – UberGREEN беше презентирана и стартуваше во Букурешт. Станува збор за возила кои целосно работат на електричен погон и не испуштаат штетни гасови. За почеток во пилот проектот ќе се користат 20 автомобили Renault Zoe, а целта е до крајот на април да има најмалку 10.000 корисници на UberGREEN., пренесува Zimo.

Букурешт е првиот европски град во централна и источна Европа каде што има услуга превоз со електрични возила и е еден од само неколку градови во Европа каде што Uber има услуга „зелено“ движење низ градот. Освен во Букурешт, Uber има електрични возила во Париз, Лондон, Амстердам, Лисабон, Порто и во Цирих.

- Advertisement -

„Веруваме дека иднината на превозот е во електричните возила, споделување на возењето и беспилотни автомобили. Целта на овој пилот-проект е електричните возила во Букурешт да бидат подостапни од кога било. Тоа не е нешто што можеме да го постигнеме самите. Сакаме да скјлучиме партнерства со властите, со производителите на електрични автомобили и со останатите играчи на тој пазар за мобилноста на електричен погон да биде достапна за сите“ изјави егенралната директорка на Uber во Романија, Николета Шредер.

Романија е избрана за пилот проектот затоа што е една од водечките земји за Uber во Европа и затоа што Букурешт е еден од градовите со најсериозно загадување на воздухот во Европската унија. Автомобилите Renault ZOE со едно полнење имаат досег од 400 км на автопат или 300 км во градски и приградски услови.

Сподели!
- Advertisement -