Конечно е отворена револуционeрната продавница на Amazon која ќе го смени начинот на кој купуваме

- Advertisement -

За продавницата од иднината на Amazon се пишуваше многу. Пред малку повеќе од една година Amazon го претстави својот концепт за револуционерна продавница без вработени, без каси, без чекање во ред. Тогаш се чинеше како да е некоја замисла од иднината, а сега таа иднина стана реалност. Бета верзијата од продавницата се тестираше со вработени во Amazon, а сега конечно е отворена во Сиетл. Што можеме да очекуваме од една таква продавница?

Имено, продавницата Amazon Go ја развиваа речиси 5 години, а од 22 јануари јавноста може да види како изгледа да се купуваат продукти во овој револуционерен супермаркет. Самиот принцип е многу едноставен. Купувачот физички влегува во продавницата и се пријавува со својата Amazon Go сметка, која е поврзана со неговата дебитна или кредитна картичка. Се што му треба зема и става во корпа, а бројните камери и сензори ги препознаваат, ги скенираат производите, се забележуваат и автоматски ги наплаќаат од картичка, а купувачот едноставно си излегува од продавница.

- Advertisement -

Според моментално достапните информации, Amazon нема намера во блиска иднина да отвора уште вакви продавници. Можно е само концептот за продавниците да го продадат на  друга компанија. Исто така, постои и одредена доза одбивност кон концептот затоа што се загорзуваат работите места на многу луѓе.

Сподели!
- Advertisement -