Публицис групацијата и Мајкрософт најавуваат партнерство за платформата Marcel AI

- Advertisement -

Публицис преку платформата Marcel ќе умрежи 80,000 вработени, овозможувајќи им преку неспоредливите можности на вештачката интелигенција да искористат различни искуства и информации кои постојат во групацијата

   Публицис групацијата [Euronext Paris: FR0000130577, CAC 40] го објави своето партнерство со Мајкрософт (Nasdaq “MSFT” @microsoft) со цел да ја развие и промовира платформата Marcel, која се очекува радикално да го промени начинот на кој тимовите и клиентите на групацијата ќе се поврзуваат, ќе комуницираат и ќе работат заедно.  Публицис групацијата и Мајкрософт здружувајќи ги силите, ја комбинираат својата единствена експертиза за да ја изработат оваа платформа на иднината за вработените во Публицис групацијата и нивните клиенти. Преку Публицис Сапиент, делот од Публицис групацијата кој е посветен на технолошките решенија и консултантството, Публицис групацијата ќе ја дефинира архитектурата и дизајнот на Marcel, започнувајќи едно ново корисничко искуство. Мајкрософт ќе ја изгради платформата и ќе ја поврзе со своите напредни технологии и способности за развој на вештачка интелегенција, користејќи Microsoft Azure AI и Office 365. Платформата Marcel ќе ги користи когнитивните услуги и ВИ за да ги поттикне луѓето, клиентите и бизнисот на Публицис групацијата да соработуваат беспрекорно на три начини: ·

Прво, преку идентификување на релевантни врски меѓу 80.000 вработени во организацијата. Ако постои вработен во некоја од агенциите на Публицис групацијата кој може некако да помогне на вработените, Marcel ќе го најде.  Второ, со собирање, организирање и доставување на колективното знаење на Публицис групацијата, Marcel ќе им овозможи на вработените целосно да ги искористат различните искуства и информации кои постојат во групацијата. Конечно, а можеби и најважно, е тоа што секој вработен ќе може да учествува и да креира повеќе, надвор од неговите непосредни граници. Преку M-Labs, инкубаторот за платформата Marcel, Публицис групацијата веќе тестира нови модели за соработка кои веќе ги даваат и првите резултати за некои од глобалните клиенти. “ВИ (AI) е една од најтрансформативните технологии на нашето време, но нејзината вистинска моќ лежи во тоа како може да се примени со цел да се засили човечката генијалност. И тоа е убавината на Marcel,” вели Сатја Надела, извршниот директор на Мајкрософт. “Ние во Мајкрософт, веруваме дека не е само дека луѓето работат за компаниите – туку дека компаниите треба да работат за своите вработени. Marcel го овозможува ова верување. Тоа е она што ја прави оваа соработка толку лесна и природна.”   

- Advertisement -

Marcel е клучен чекор во посветеноста на Публицис групацијата радикално да ја промени индустријата, за доброто на своите клиенти и вработени.вели Артур Садоун (Arthur Sadoun), претседател на управниот одбор и Извршен директор на Публицис групацијата.Затоа ние сме воодушевени што можеме да ги искористиме огромните таленти, способности и ресурси на Мајкрософт во вештачката интелигенција, за денес да ја изградиме платформата на иднината. Благодарение на посветеноста на Сатја и неговите тимови, ние сакаме бргу да го ставиме Marcel во срцето на Групацијата, за да креираме големи идеи кои ја зајакнуваат креативноста во сите нејзини формии”.   

Публицис групацијата и Мајкрософт за прв пат официјално ќе го промовираат Marcel на саемот Viva Technology во Париз на 24 мај 2018 година.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -