Пет задолжителни бизнис бонтон правила

- Advertisement -

Вработените се огледалото на една компанија и се претставници на вредноста на брендот на вашата организација.

Сѐ повеќе компании ја согледуваат важноста на бизнис бонтонот и добрата бизнис комуникација како главен адут во борбата против конкуренцијата поради што ги следат меѓународните трендови на корпоративна комуникација.

- Advertisement -

Еве некои правила кои се задолжителни кога настапувате во одредена бизнис ситуација.

  1. Ракувањето и понатаму е професионален стандард
  2. Проверете два пати пред да кликнете „испрати“
  3. Не влегувајте ненајавени во нечија канцеларија
  4. Ценете ги луѓето околу вас – не наслушувајте и не ширете лаги
  5. Бидете точни и исклучете го телефонот во текот на состаноци.

Добрата бизнис комуникација и бизнис бонтонот се особено важни кога сакате да демонстрирате професионалност. Покрај овие неколку правила кои ги наведовме, треба да се посвети внимание и на невербалната комуникација или говорот на телото. Внимавајте во сериозни бизнис ситуации како ќе се облечете, внимавајте на хигиената, шминката, гестовите, мимиките, насмевките и љубезноста.

- Advertisement -

При тоа, осигурајте се дека ќе настапите со умерен стил на комуницирање и ќе внимавате и на паравербалната комуникација како тонот на гласот, акцентот и брзината на говорење.

Запомнете дека апсолутно секој од вработените во компанијата, вклучително и вие, носите одговорност да ја претставувате вашата фирма во најдобро можно светло, а дополнително, со владеењето на бизнис бонтон, ќе градете и добри меѓучовечки односи во самиот работен тим.

Сподели!
- Advertisement -