Бидете дел со вашето дете на светската недела на вселената преку бесплатeн настан

- Advertisement -

Бидете дел со вашето дете на светската недела на вселената преку бесплатниот настан за изработка на игра со мотив на вселена со Едуфронт!

Со желба да се прослави светската недела на вселената, Едуфронт во соработка со World Space Week Macedonia, со цел поддршка на младиот потенцијал на децата од 8-14год. На 12ти октомври од 18ч. ги повикува сите родители со дечиња заинтересирани за технологија со основно предзнаење на ракување со компјутери и интернет да се приклучат на бесплатната обука за изработка на игра со помош на Scratch и искусниот тренер – Моника Златановска.

- Advertisement -

Преку оваа работилница децата ќе се воведат во светот на програмирањето во Scratch, со изработка на едноставна игричка со вселенски мотиви.

Воедно, оваа презентација ќе им ја поттикне креативноста и логичкото размислување на најмладите, и ќе им помогне да стекнат многу нови знаења.

- Advertisement -

За работилницата не е потребно предзнаење од програмирање или од Scratch – сѐ додека детето знае да работи со компјуер, глувче, тастатура, знае да влече и клика работи, може да се приклучи.

Регистрирајте се бесплатно на https://bit.ly/2Yh23rs

- Advertisement -

Едуфронт е едукативен центар за онлајн компјутерско образование за деца од 8-14 год. посветен на развивање на логичкото размислување, креативни вештини, способности за решавање на проблеми и развој на иновативниот дух на децата.

Во изминатата година над 100 дечиња ги имаат посетено онлајн дигиталните обуки за Scratch, Python, дизајн, веб дизајн и веб програмирање при што преку интерактивни вежби и анимации ги поминаа успешно сите програми.

Повеќе информации за сите Digipath обуки може да погледнете ТУКА како и преку е-маил: info@edufront.mk и телефонски број: 070 700 237

Доколку сакате во иднина навремено да добивате информации ве покануваме и во групата на ФБ – Едуфронт Пријатели, како и во групата на Вибер – Едуфронт Пријатели.

Во очекување на вашето присуство на 12-ти октомври на World Space Week Digipath со Scratch!

Сподели!
- Advertisement -