Urbanista Boutique Hotel, преубаво освежување во угостителството во Штип

- Advertisement -

Од неодамна, центарот на источна Македонија го доби својот прв бутик – хотел, односно хотел кој поставува нови стилски стандарди сo уникатно уредени соби. Иако постои само неколку месеци, веќе секој Штипјанец го поврзува името Urbanista Boutique Hotel со префинето катче каде што ќе спознае нови нивоа на комфор

Бутик – хотелите се појавиле некаде во 1980тите години, но трендот ја враќа својата актуелност во последниве неколку години, со тоа што дури и големите ланци на хотели отвораат свои бутик – хотели како еден вид подружници за одбрани гости. Бутик – хотелите најчесто се со тематски и стилски ентериер, нешто што може да се посведочи и во Urbanista.

- Advertisement -

Urbanista Boutique Hotel се наоѓа во строгиот центар на Штип и има капацитет од дванаесет соби и три луксузни апартмани кои се опремени со квалитетен, италијански мебел. Собите се опремени со се’ она што му е потребно на еден современ гостин како телефон, ТВ, WiFi, мини-бар, климатизација, фен, тераса, и обезбеден сопствен приватен паркинг и можност за користење на фитнес центар.

- Advertisement -

- Advertisement -

Хотелските соби се распоредени според хуман дизајн кој им овозможува на гостите пријатен престој. Уникатното уредување на истите значи дека секоја од собите кои ги нуди Urbanista се разликуваат една од друга со што на гостите им се овозможува избор од бои, големина, стил и дизајн, со што, при секој нареден престој, гостинот може да се чувствува како да е во различен хотел.

Секој агол на Urbanista нуди неверојатни погледи кон кејот на реката Отиња, кон градската православна црква „Св. Никола“ и преубавиот Музеј на град Штип. Овој поглед го нудат и ресторанот и аперитив барот на Urbanista кои се пак достапни и за оние кои не престојуваат во хотелот а сакаат да поминат пријатни моменти. Ова сведочи за отвореноста на персоналот на Urbanista и желбата да му се даде шанса на секој да го искуси овој нов концепт на угостителството во Штип.

Дополнително, хотелот нуди современ конгресен центар што овозможува да се спојат бизнисот и задоволството.

Ресторанот кој функционира на принципот „а ла кард“, и аперитив барот нудат богат избор на вкусови од целиот свет, но секако не е заборавена и добрата традиционална штипска храна која вклучува специјалитети како познатата штипска пастрмајлија.

При тоа, ресторантскиот ентериер создава атмосфера на удобност и интимност која покрај со вкусна храна, можете да ја зачинете со десерти и десертни вина уникатни за штипското поднебје. Дополнително, искуството во ресторанот можете да го заокружите со тоа што ќе се напиете турско кафе послужено со вкусен традицинален македонски локум.

Доколку ви треба изговор зошто да го насочите вашиот пат кон Штип во наредниов период, тогаш посета на Urbanista Boutique Hotel е доволно добра причина. Доколку сакате да добиете повеќе информации за она што го нуди хотелот и како да резервирате, посетете ја нивната веб страница на следниов линк. Можете да ја посетите и нивната Facebook страница овде, а можете да го заследите и нивниот Instagram профил овде за да погледнете повеќе фотографии од хотелот и ресторанот.

Сподели!
- Advertisement -