Јужна Кореја гради град во кој нема да има потреба од автомобили

- Advertisement -

Кога жителите на Интернационалниот бизнис кварт (International Business District – IBD) во Сонгдо, Јужна Кореја, ќе одат на работа, на училиште или на шопинг нема да има потреба да возат. Тоа е така затоа што квартот вреден 35 милијарди долари, кој е во тек на изградба и моментално е голем колку центарот на Бостон, е дизајниран да ја елиминира потребата од автомобили. Проектот започна во 2002 година и со него се става приоритет на јавниот транспорт како автобуси, трамваи и велосипеди наместо автомобили. 

Кога ќе се заврши до 2020 година квартот ќе зафаќа површина од околу 9 квадратни километри, пишува Светски економски форум. Уште од првата фаза на изградбата целта е градт да биде еколошки. Во IBD малопродажните простори, канцелариите, поарковите, болниците и училиштата се блиску до населените места. Повеќето нестанбени згради се блиску и до нив може да се стигне пеш.  Станбените згради и бизнисите се на 12 минути пеш од автобуска или метро постојка.

- Advertisement -

Низ квартот има велосипедски патеки долги околу 25 километри кои го поврзуваат со остатокот од градот Сонгдо. Околу 40% од површината на квартот е наменета за зелени површини. IBD е само еден дел од поголем проект Слободна економска зона Incheon (Incheon Free Economic Zone) во Сонгдо .  in Songdo City, spearheaded by the South Korean government.

Моментално се готови или се привршуваа 20.000 станбени единици, каде што ќе можат да живеат 50.00 луѓе. Во квартот нема да има камиони кои собираат отпад. Наместо тоа посебен пневматски систем го вовлекува ѓубрето од контејнерите до една централна станица. Потоа тој оптад се претвора во енергија или се рециклира. Токму затоа квартот произведува една третина од штетните гасови кои се испуштаат во градови со слична големина. Девелоперите на проектот велат дека градот ќе стане модел за други градови во светот.

Сподели!
- Advertisement -