Се попопуларната социјална мрежа Vero може да го загрози успехот на Facebook, Instagram и Snapchat

- Advertisement -

 

Иако корисниците на најпопуларните социјални мрежи често ги критикуваат компаниите поради честите промени на алгоритмите и начинот на кој се прикажуваат содржините, Facebook и Instagram постојано забележуваат пораст на бројот на корисници и луѓето и понатаму се верни на Марк Цукерберг и неговите мрежи. Една од причините зошто е тоа така е затоа што немаат вистинска конкуренција, пишува Zimo.

- Advertisement -

Ако можеме да им веруваме на медиумите, како и на гласините на социјалните мрежи, се чини дека Цукерберг сепак има причина за загриженоста затоа што во последно време луѓето се повеќе зборуваат за социјалната мрежа Vero.

- Advertisement -

Не станува збор за нова мрежа затоа што Vero постои некое време, но во последниот период бројни уметници и инфлуенсери од Instagram ги повикуваат своите следбеници да ги следат и на оваа межа. Колкава навалица се создаде можеме да видиме по техничките тешкотии со кои се соочува Vero затоа што никој од компанијата не очекувал толкав број корисници за толку кратко време.

Vero некои медиуми ја нарекуваат нов Instagram, а освен фотографии и видеа, преку неа може да се споделуваат и написи од Интернет, да се препорачуваат други содржини и слично, а поставките на приватноста може лесно да се наместат.

- Advertisement -

Секако, ова го нудат и други мрежи, н постои една голема разлика – од компанијата велат дека Vero е единствената вистинска социјална мрежа затоа што на неа нема огласи, ботови или алгоритми кои ќе управуваат со содржините, односно ќе ги филтрираат достапните содржини и ќе прикажуваат само новитети кои му одговараат на алгоритмот.

Уште една разлика во споредба со другите мрежи е тоа што Vero нема да биде бесплатна. Првичниот план на компанијата е да овозможи бесплатно кориустење за само првите 1 милион корисници, но со оглед на техничките проблеми, тој период е продолжен. Наскоро треба да дознаеме кога ќе почне претплатата и колку ќе изнесува, а според гласините, веројатно се работи за неколку долари годишно.

 

Сподели!
- Advertisement -