Mastercard и Facebook заедно ќе помагаат за дигитализација на малите компании

- Advertisement -

Mastercard неодамна најави дека почнува соработка со социјалната мрежа Facebook за обезбедување технологија за малите компании за тие да можат да прифатат електронско и мобилно плаќање. Пристапот до дигиталното плаќање ќе им помогне на малите компании да се прошират на нови пазари, како и да добијат пристап до финансиски услуги и производи кои ќе им овозможат да го прошират бизнисот, пишува Bizlife.

Mastercard во Нигерија ќе го тестира новото Masterpass решение на QR бот платформа за Facebook Messenger за сопствениците на компании да можат да преминат од готовинско на безготовинско и QR плаќање. Ecobank иi Zenith ќе дадат поддршка на оваа прва пилот програма. Пректот во Нигерија е само почеток на големиот план на компанијата за вклучување на што повеќе компании во дигиталната економија.

- Advertisement -

Резултатите од истражувањето спроведено од страна на Универзитетот Флечер и Центарот за инклузивен раст на Mastercard покажуваат дека во Нигерија 98% од вкупниот обрт на пари кој го остваруваат компаниите и потрошувачите – 301 милијарди долари – и понатаму се врши во готовина.

- Advertisement -

 

За да се вклучат во оваа програма заинтересираните компании треба да испратат барање до бот платфромата за да почнат да прифаќаат QR плаќање, да добијат одобрение од своите банки и да отворат сметка, што е доволно за да почнат да го прифаќаат дигиталното плаќање на брз, едноставен и безбеден начин. Откако беше претставено во 2016 година Masterpass QR решението им овозможува на луѓето на безбеден начин да плаќаат и да примаат уплати преку телефон, без кеш и платежни картички.

- Advertisement -

„Брендовите и програмерите од целиот свет користат пораки за да се поврзат со 1,3 милијарди луѓе кои користат Facebook Messenger секој месец. Задоволство ни е што Mastercard ја развива својата услуга на платформата на Messanger за да им помогне на малите трговци да го организираат својот бизнис и да се поврзат со потрошувачите преку пораки” велат од Facebook.

Сподели!
- Advertisement -