Како да се спроведе успешна crowdfunding кампања – тема на третите Womenpreneurs Stories

- Advertisement -

Во Јавна соба во Скопје се одржа третото по ред издание на Womenpreneurs Stories – настан на кој се споделуваат успешни претприемнички приказни. Третото издание беше на тема crowdfunding односно групно финансирање кое станува еден од најпопуларните начини на алтернативно прибирање на средства за бизниси, организации, поединци итн

„Иницијативата Womenpreneuers Stories ја почнавме со намера настанот да се одржува еднаш годишно, но видовме дека интересот кај јавноста постојано се зголемува и ова е веќе третиот настан во рок од помалку од половина година. Веќе го планираме и четврттиот настан односно четврттата епизода која најверојатно ќе се одржи следниот месец.“, изјави Нина Николиќ, организатор на настанот.

Нина Николиќ

Главен говорник беше Џес Бејли која е експерт за crowdfunding од Велика Британија и досега има спроведено 58 кампањи во целиот свет со 80% успех. Таа зборуваше за структурата на една кампања и важноста од постоењето на приказна која ќе ја раскажете преку кампањата со цел собирање на повеќе средства. При тоа, ја потенцираше и улога на жените во прибирањето средства.

- Advertisement -
Џес Бејли

Жените се подобри од мажите во crowdfunding бидејќи од искуство можам да кажам дека тие се грижат за многу повеќе отколку само за собирање средства и најчесто знаат многу подобро да го демонстрираат тоа на сензитивен начин.“, изјави таа.

За да испланирате успешна crowdfunding кампања, Бејли кажа дека ви се потребни околу осум недели планирање што е во суштина првиот чекор на кампањата. Потоа следува градење на заедница односно со тоа што ќе ја комуницирате вашата кампања на социјалните мрежи, вие полека ќе создадете таргет група која би ви донирала откако ќе ја лансирате кампања.

- Advertisement -

Освен приказната која треба да ја раскажете преку кампањата која при тоа ќе предизвика некаква емоција кај оние кои сакате да ви донираат, морате да ја создадете и совршената страница на проектот, односно како ќе изгледа кампањата во однос на дизајнот откако ќе ја лансирате на некоја од онлајн платформите за групно финансирање.  

Марко Георгиевски

На настанот говореа и основачите на првата македонска crowdfunding платформа Letsfundit.mk, Борис Џартов и Марко Георгиевски кои споделија интересна статистика во однос на навиките на Македонците и подготвеноста да донираат на crowdfunding кампањеи. Тие споедија дека просечната уплата на нивните кампањи е 1 300 денари што е одлична сума за македонските стандарди. До сега преку оваа платформа се собрани околу 500 000 денари.

- Advertisement -
Теа Беговска

Својата crowdfunding приказна, чија кампања се одвивала токму преку македонскава платформа, ја сподели и Теа Беговска која по професија е театарски режисер. Кога се одлучила за crowdfunding била невработена и шансата ја нашла токму во овој алтернативен начин на финансирање на проекти. Благодарение на crowdfunding-от собрала средства за алтернативни театарски претстави кои вклучуваат невработени актери. Вели дека дефинитивно ќе продолжи со crowdfunding, а веќе ја планира следната кампања за нов проект.

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; Public Room и Grouper.mk.

Сподели!
- Advertisement -