Граѓаните ќе добиваат поврат до 30.000 денари од платен ДДВ?!

- Advertisement -

Поврат на 15 проценти од ДДВ на граѓаните ќе стартува од 1 јули, најави премиерот Зоран Заев и очекува дека на самиот старт граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно

„Од 1 јули започнува мерката за враќање на дел од ДДВ-то на граѓаните. Секое семејство ќе може да смета дека во текот на една година во семејниот буџет ќе си врати околу 30 илјади денари. Вкупниот износ кој ќе се врати назад кај граѓаните од повратот на ДДВ, се проценува дека ќе изнесува од 60 до 100 милиони евра“, изјави премиерот Зоран Заев на отворената дебата на трибината  „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци.

раѓаните ќе добиваат поврат на 15 отсто од платениот данок на додадена вредност. Преку нивните мобилни ќе се регистрира колкав промет тие направиле во маркетите и другите продажни места, врз основа на што ќе се пресметува колку пари ќе треба да им бидат вратени. Ова ќе важи за секој кој има над 15 години и важечка лична карта. Премиерот Заев откри дека синоќа до доцна со министерот Тевдовски и директорката на УЈП Лукаревска ги пеглале моделите на проектот. Системот, вели, ќе се базира на дигитализација и современи начини на наплата.

- Advertisement -

Ќе игра телефонот буквално, секој граѓанин лесно, кој има над 15 години, кој има право да има лична карта, да има своја трансакциска сметка, да биде регистриран во е-даноци, ќе биде учесник внатре. Дури и детенце помало од 15 години може тоа да го направи, но самата регистрација ќе мора да ја направи неговиот родител, или поголем брат или сестра што се над 15 години“, вели Заев.

Сумите на поврат ќе бидат лимитирани, за мерката да биде фер и да не се случи богатите кои најмногу трошат, да добијат назад и најмногу пари. Целта е на овој начин да се мотивираат граѓаните да купуваат само од дуќани што издаваат фискални сметки, така тие самите ќе станат даночни инспектори и ќе помогнат да се намали големата даночна евазија, која е раширена насекаде, особено во угостителството и градежништвото.

- Advertisement -

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Соња Ликаревска денеска изјави дека УЈП и Министерство за финансии уште од лани прават анализи и разгледуват споредбени искуства на кои производи и до кој износ ќе се лимитира враќањето на ДДВ.

Според неа, враќањето на ДДВ преку телефон кое го најави премиерот Заев, ќе биде само за една целна група, но и за тоа се бараат можни решенија за кои дополнително ќе се излезе со детали.

- Advertisement -

За потрошена сума од 10 илјади денари, на пример, ќе се добие поврат од 230 денари. Кога пред изборите ја најави мерката Владата вети дека кај секое домаќинство годишно ќе се вратат до 500 евра. Пресметките говорат дека за да ја добие таа сума, семејството ќе треба за една година да потроши над 18 илјади евра.

Повратот најверојатно нема да важи за платените комунални сметки.

 

 

Сподели!
- Advertisement -