SpaceX ќе ја тестира новата ракета за мисија до Марс наредната година

- Advertisement -

Компанијата SpaceX во првата половина на 2019 година ќе го тестира својот ракетен систем BFR, кој е наменет за мисија до Марс, пренесува Klix.ba.

Основачот на компанијата, Илон Маск, рече дека се очекуваат првите кратки летови во првата половина на наредната година, но нагласи дека овој рок е „оптимистичен“ со обзир на тоа дека ракетата Falcon 9 првобитно требаше да биде лансирана во 2013 година, а полета дури во февруари оваа година. Сепак, тест летовите не можат да бидат далeку бидејќи целта е да се започне мисија до Марс до 2022 година.

- Advertisement -

Системот BFR се смета како духовен наследник на Falcon Heavy, а нејзиниот актуелен дизајн се состои од 37 Raptor мотори, 31 на booster ракетата и шест на самото летало. Ова значи дека ќе биде два пати посилна од ракетата Saturn V.

Ракетата би требало да може повторно да се искористи, а нејзиното лансирање ќе ја означи првата мисија на SpaceX во длабоката вселена. Мисиите до Марс се конечна цел, но ракетата би можела да се користи на пример за патување до Месечината и назад, како и за праќање товар до Меѓународната вселенска станица. Ракетата ќе може да понесе 150 тони товар што е пет пати повеќе отколку Falcon Heavy.

- Advertisement -

Постојат скептици за рокот во 2019 година, не само поради преголемата амбициозност на Маск, туку и поради тоа што е една ваква мисија е премногу амбициозна и за НАСА.

Ракетата BFR е висока скоро 106 метри, односно многу повисока и од Falcon Heavy. Но, за успешноста на летот треба да се земат предвид и дополнителни фактори, а тоа е дека SpaceX сега има многу повеќе искуство отколку порано и постојано ги поместува границите на вселенското истражување.

Сподели!
- Advertisement -