Германското списание Auto Bild направи листа со 30 најмоќни ултраспортски автомобили во светот. И Хрватска има свој претставник на листата и тоа на првото место. Секако дека станува збор за најновиот автомобил на Мате Римац – ѕверот Rimac C_Two.
Знаевме дека ќе биде величествен, знаевме дека ќе биде брз, знаевме дека ќе го освои светот, но по претставувањето во Женева водечките медиуми за автомобили капитулираа пред новиот крал на патиштата – технолошкото електронско чудо на Rimac Automobilи.
Најновиот автомобил на Римац има неверојатни 1.914 коњски сили, максимална брзина од 412 км/ч, со забрзување до 100 км/ч кое граничи со научна фантастика – помалку од 2 секунди, вртежен момент од 2.300 Nm и тежи 1.950 кг.
На второ место на листата се најде Keating TKR (2010), кој исто така има импресивна статистика: 1.825 коњски сили, максимална брзина од 418 км/ч, вртежен момент од 2.264 Nm и тежи само 995 килограми. Трет на листата е Koenigsegg Regera (2015), кој има 1.509 коњски сили, максимална брзина од 410 км/ч, вртежен момент од 2.150 Nm и тежи 1.420 килограми.
Најмоќниот модел на Bugatti, Chiron, е на четвртото место со своите 1.500 коњски сили, максимална брзина од 420 км/ч, вртежен момент од 1600 Nm и тежина од 1.195 килограми.
Петтото место го зазеде добриот стар Porsche со моделот 9ff GT9 Vmax (2102), кој има 1.400 коњски сили, максимална брзина од 437 км/ч, вртежен момент од 1.160 Nm и 1.340 килограми тежина.
Уште еден интересен момент. Со оглед на тоа дека Tesla веќе го претстави својот нов Roadster и ги покажа неговите неверојатни перформанси, особено забрзувањето од 0 до 100 км/ч за 1,9 секунди и максималната мрзина од над 400 км/ч, вистинско чудо е што тој спортски автомобил не се најде на листата на Auto Bild.