Запознајте го хрватскиот тим кој го создаде Facebook за фармери

- Advertisement -

Стартапот Prostec, кој дебитираше на Elektroboj, а потоа и на хрватските квалификации за University Startup World Cup 2018, е млад технолошки стартап составен од пет члена: Лука Посиловиќ, Карло Силади, Марин Пармац и Филип Божиќ од Факултетот за електротехника и компјутери во Загреб и Горан Микец од Агрономскиот факултет во Загреб.

Тие создадоа производ кој на фармерите треба да им ја олесни работата. Нивниот Facebook за фармери може многу повеќе од сличните производи на пазарот. Тоа е систем за внесување податоци за стоката, но може да прави и анализи, да испраќа известувања и предупредувања, како и да помогне при обработката на платите. Моментално се во фаза на изработка на нов модул за внесување податоци, со кој ќе излезат на пазарот.

- Advertisement -

Петтемина студенти сфатиле дека на пазарот не постои систем кој на фармерите би им ја олеснил административната работа, па одлучиле да развијат систем кој може да отчитува и да внесува податоци за секое говедо во апликација, своевидна база на податоци, со помош на кои ќе може да се прават анализи, да се поставуваат потсетници и да се примаат предупредувања за болести, пишува tportal.hr.

Она што најмногу го разликува од другите е тоа што сите собрани податоци одат во облак. Според некои податоци, во Европа има  85 милиони говеда, а производот на хрватскиот стартап може да се применува и за одгледување други животни, како што се овците.

- Advertisement -

„Замислете голема фарма со 8.000 крави. За секоја треба да водите евиденција: кога се отелила, кога примила некој лек, кога дошла или кога си оди. Сето тоа мора да се запишува. Додека го прават тоа, фармерите мора да одат до секое трло, да го запишат бројот и податоците. А биковите не се воопшто мали и прилично се опасни, велат креаторите.

Нивниото решение ги отчитува податоците за идентификација на животните и со негова помош тие се внесуваат во систем, а потоа може да се префрлат на компјутер или да се стават во облак, а апликацијата за Android служи за прегледување на базата.

- Advertisement -

За да може да се користи Prostec, секое животно мора да има RFID маркица со единствен код. Стартапот веќе е подготвен за новата европска регулатива, која налага обележување на стоката со помош на единствени маркици во цела Европа. Нивното решение веќе може да ги отчитува кодовите со новите ознаки.

„Целта на нашиот производ е на фармерите да им овозможиме побрза и поевтина евиденција, без грешки, Досега сите податоци се бележеле на хартија, од хартија во Excel и поради тоа се јавуваат еден куп грешки“ велат од Prostec.

Освен што на фармерите им изнајмуваат опрема, нудат и услуги на водење евиденција. „Стапот“ кој го изнајмуваат има мал екран, неколку копчиња за навигација и тастатура, а служи за отчитување на кодот од маркицата на животното и внесување на тие податоци во системот. Долг е околу еден метар, а тој што го држи може податоците да ги отчита на безбедно растојание. Тежи околу еден килограм, а е замислен лесно да се држи и да се закачи на каиш ако не се користи.

Изнајмувањето на „стапот“ не е единствениот производ кој го нудат. Развиле и веб апликација за Android, преку која може да се води евиденција и да се додаваат персонализирани потсетници. Уште една предност на овој Facebook за фармери е тоа што може да испраќа известувања за појава на болести на соседните фарми, со тоа што другите детали, освен тоа за која болест се работи, нема да бидат јавни. Целта им е навреме да ги известат фармерите за да можат да ги заштитат животните.

Досега имаат само еден прототип на „стапот“, но веќе работат на нов, со кој ќе се претстават на пазарот и на натпреварот Universitiy World Cup во ноември во Данска. Станува збор за најголемиот натпревар за млади иноватори на кој може да се освојат парични награди, но и да се стекнат вредни познанства. Победникот на наптреварот ќе добие 25.000 долари, а победниците во секоја категорија по 5.000 долари. Иако се свесни дека надвор од Хрватска ги чекаат многу подобри услови, не сакаат да ја напуштат земјата.

Сподели!
- Advertisement -