Неодамна се одржа светскот натпревар во програмирање #HashCode на Google. Во настанот беше вклучен и македонскиот #HashCode хаб кој се наоѓа во во просториите на Netcetera, каде секоја година се натпреваруваат студенти и професионалци.
Како што пренесува порталот IT.mk, оваа година се натпреварувале четири тима во конкуренција од 5.000 тимови од Европа, Блискиот Исток и Азија. Највисоко рангираните во ова прелиминарно квалификационо онлајн натпреварување добиваат покана за финалето на #HashCode натпреварот во Даблин, каде во живо ќе решаваат тешки предизвици во период од 12 часа.
NCA тимот, составен од Александар Ников, Панче Чавковски. Војче Кушевски и Кристијан Јанкоски, кои се и дел од Netcetera на ова квалификационо онлајн натпреварување го освоија 30. место, со што се пласираа во финалето на #HashCode во Даблин на 28 Април. Официјалните резултати можете да ги погледнете тука.