Facebook може да добие астрономски казни поради наводната злоупотреба на податоци на корисниците

- Advertisement -

Најавите на регулаторите од двете страни на Атлантикот дека ќе отворат истрага и падот на берзата кој донесе загуба од 37 милијарди долари се срушија врз Facebook поради аферата со злоупотребата на податоци на корисниците. Цената на акциите на социјалната мрежа во понеделникот потона за 7% на 172 долари откако американските медиуми почнаа да пишуваат за користењето податоци во предизборната кампања на Трамп.

„Facebook е во сериозни проблеми. Мислам дека ќе се отвори голема истрага“ тврди Дејвид Владек, некогашен директор на американската Сојузна комисија за трговија, која ја надгледуваше спогодбата на Facebook од 2011 година за корисничките податоци. Ако се утврди дека Facebook ги прекршил ордредбите од таа спогодба, компанијата може да се соочи со казна од 40.000 долари по корисник, пишува Poslovni Dnevnik. Од Комисијата не сакаат да коментираат кои им се следните потези.

- Advertisement -

Американските аналитичари очекуваат дека истрага ќе отвори и финансискиот регулатор, Комсијата за берза и хартии од вредност, со оглед на тоа дека компанијата на берзата требало да извести за злоупотребата на податоци. Од  нашата страна на Атлантикот исто така нема доби вести за компанијата на Марк Цукерберг.

„Злоупотребата на лични податоци кои припаѓаат на корисниците на Facebook за политички цели, ако се потврди, не е прифатлива“ наведува Комисијата во соопштението. Според наводите на медиумите, европската комесарка за заштита на податоци, Вера Јоурова, за аферата Cambridge Analytica ќе разговара неделава во Вашингтон со министерот за трговија, Вилбур Рос.

- Advertisement -

Според наводите на Reuters, британскиот регулатор за заштита на лични податоци побарал судски налог за претрес на канцелариите на Cambridge Analyticа, лондонската компанија која е извор на најновите проблеми на Facebook. Регулаторот го интересира како оваа компанија дошла до податоците од 50 милиони корисници. Како што тврди изворот Кристофер Вајли, кој до неодамна работел во аналитичката компанија, податоците дошле од руски научник со британска адреса. Тој професор на државниот универзитет во Санкт Петербург ги собрал податоците на корисниците кои биле платени за тестови за личноста. Но, тие податоци може да се користат исклучиво за научни цели. Вајли тврди дека Cambridge Analytica ги искористила тие податоци за да изгради моќна маркетиншка алатка за предвидување на изборните резултати и да влијае на нив. Компанијата Cambridge Analyticа, пак, тврди дека не ги искористила тие податоци и дека веднаш биле зибришани.

Лондонската компанија Cambridge Analytica е основана во 2013 година како дел од SCL Group, а нуди услуги на политички партии и на компании кои сакаат да го променат однесувањето на јавноста. Компанијата може да анализира големи количини податоци за потрошувачите, односно корисниците и да ги комбинира со податоци од бихејвиорална наука за да идентификува кои корисници можат да ре таргетираат со маркетинг материјали од политички партии и компании.

Сподели!
- Advertisement -