Во Москва ќе се гради хоризонтален облакодер

- Advertisement -

Градењето во урбаните средини е незгодно затоа што мора да се внимава да не се затвори видикот на околните градби. Но, тоа не е случај со таканаречениот Horizontal Skyscraper планиран да се гради во Москва. Како дел од планот за урбана ревитализација на една напуштена историска пиварница, компанијата Herzog & de Meuron претстави дизајн за два блока згради кои ќе бидат подигнати на висина од 35 метри, а ќе стојат на посебни бели столбови. Швајцарските архитекти гарантираат неверојатен панорамски поглед за жителите и отворен видик до реката Москва.

Зградите на пиварницата Радаевски, основана во 1875 година, почнаа да се распаѓаат во 2000-тите години. Сега тие ќе бидат реставрирани и реновирани за нови малопродажни локали и заеднички простори како зелен пазар, продавници за облека, сала за вежбање, градинки итн. Herzog & de Meuron го замислуваат хоризонталниот облакодер како дел од градот подигнат во воздух.

- Advertisement -

Подигнатите згради ќе имаат вкупна површина од околу 93.000 квадратни метри само во станбен простор со глазирани фазади и приватни балкони, а осум „небесни вили“ на најгорните нивоа ќе имаат пристап до приватен покрив. Архитектите планираат и нов парк само за пешаци поставен веднаш под станбениот простор и околу столбовите, кои дизајнерите ќе ги направат да изгледаат како стебла од дрвја.

Сподели!
- Advertisement -