LinkedIn спроведе истражување за најидеалните компании за вработување во САД, и без изненадување, на самиот врв се наоѓаат Amazon, Alphabet и Facebook. Остатокот од листата, исто така, во најголем дел се однесува на технолошките компании.
Како што пренесува ICT Business, начинот на кој е спроведено ова истражување е доста прецизен бидејќи се опфатени 546 милиони корисници и нивните активности како: какви компании преферираат, какви желби имаат, каква работа бараат, какви вработени бараат, кои компании ги следат и чии реклами отвораат. Се работи за милијарди различни потези од овие корисници што нуди гаранција за значењето на истражувањето.
Освен наведените три компании, во првите десет најпосакувани компании за вработување се наоѓаат и Salesforce, Tesla, Apple, Oracle и Netflix. Меѓу останатите четириесет компании свое место имаат и останати технолошки компании како Spotify, Uber, Adobe, Airbnb, Dell, IBM, Samsung, Verizon итн.
Овие податоци покажуваат дека компаниите од Силиконската Долина не изгубиле популарност и покрај негативните коментари последниве години, како и компаниите кои се покажаа како најпосакувани. Се очекува дека технолошките гиганти ќе продолжат и во иднина да го држат самиот врв на оваа листа.
Целата листа може да се погледне на следниот линк.