Мечките му го краделе медот на турски пчелар, па наместо да ги брка, ги претворил во дегустатори

- Advertisement -

Ибрахим Седеф е пчелар од Турција кој поминал многу непроспиени ноќи поради мечките кои му ги уништувале кошниците со пчели и залихите од мед. Ибрахим најпрвин се обидел да се спаси од гладните мечки така што поставил заштита околу медот, меѓутоа ни тоа не му помогнало, па освен загубата на мед, имал и материјална штета.
Потоа Ибрахим наместил ноќни камери и се обидел да научи нешто од однесувањето на мечките што би му помогнало во борбата со нив, а тогаш добил одлична идеја. Наместо да се обидува да ги одврати од јадењето на неговиот мед, тој им поставил маса со примероци од медот и ги претворил во дегустатори.
Видеата од дегустацијата потоа ги споделил со медиумите, па така добил и бесплатна реклама. Имено, се покажало дека мечките имаат многу скап вкус и најмногу уживаат во медот наречен „анзер“, кој чини 135 евра за килограм.

Сподели!
- Advertisement -