LinkedIn истражување: Amazon, Alphabet и Facebook се најпопуларни компании за вработување

- Advertisement -

LinkedIn спроведе истражување за најидеалните компании за вработување во САД, и без изненадување, на самиот врв се наоѓаат Amazon, Alphabet и Facebook. Остатокот од листата, исто така, во најголем дел се однесува на технолошките компании.

Како што пренесува ICT Business, начинот на кој е спроведено ова истражување е доста прецизен бидејќи се опфатени 546 милиони корисници и нивните активности како: какви компании преферираат, какви желби имаат, каква работа бараат, какви вработени бараат, кои компании ги следат и чии реклами отвораат. Се работи за милијарди различни потези од овие корисници што нуди гаранција за значењето на истражувањето.

- Advertisement -

Освен наведените три компании, во првите десет најпосакувани компании за вработување се наоѓаат и Salesforce, Tesla, Apple, Oracle и Netflix. Меѓу останатите четириесет компании свое место имаат и останати технолошки компании како Spotify, Uber, Adobe, Airbnb, Dell, IBM, Samsung, Verizon итн.

Овие податоци покажуваат дека компаниите од Силиконската Долина не изгубиле популарност и покрај негативните коментари последниве години, како и компаниите кои се покажаа како најпосакувани. Се очекува дека технолошките гиганти ќе продолжат и во иднина да го држат самиот врв на оваа листа.

- Advertisement -

Целата листа може да се погледне на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -