Apple сака да воведе 13 нови емотикони за лицата со инвалидитети

- Advertisement -

Компанијата Apple предложи нови емотикони со кои сака на подобар начин да ги претстави лицата со инвалидитет. Така, корисниците на американскиот техно гигант наскоро може да имаат емотикони со протетички нозе до слушни апаратчиња, пишува Klix.ba.

Во предлогот кој е упатен до непрофитната организација Unicode Consortium, која ги поставува глобалните стандарди за емотикони,  Apple испрати 13 нови емотикони. Меѓу новите емотикони може да се најдат уво со слушно апаратче, куче водич за слепи лица, протетички нозе и раце, луѓе со стап итн.

- Advertisement -

„Емотиконите моментално имаат широк опсег на опции, но не ги претставуваат лицата со инвалидитети. Сакавме да ги пополниме тие празнини“ велат од Apple.

Компанијата изјави дека ги избрале опциите кои се најсеопфатни за луѓе од сите четири категории, односно слепи и слабовидни, глуви и наглуви и луѓе со физички и моторички попречувања. Од американската компанија додаваат дека нема да застанат на овие 13 емотикони.

- Advertisement -

Новите емотикони на Apple ќе може да се користат кога ќе ги одобри Unicode Consortium. Оваа организација соопшти дека годинава ќе бидат воведени 157 нови емотикони, а ќе се состојат од различни животни, суперхерои, нови фризури и експресивни „смешковци“.

Apple при составувањето на предлогот за новите емотикони соработуваше со американската организација за глуви National Association of the Deaf, со организацијата за слепи American Council of the Blind и со организацијата за церебрална парализа Cerebral Palsy Foundation.

Сподели!
- Advertisement -