НАСА планира да ја користи Месечевата прашина за да прави структури на Марс

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА се фокусира на испраќање луѓе на Месечината, но не за да остават отпечатоци или да закачат знаме, туку да останат на површината на Месечината. Меѓутоа, за да преживеат астронаутите, потребно е да ги користат ресурсите кои ќе ги пронајдат.

Во НАСА сметаат дека Месечината има многу да понуди и сигурни се дека под површината има замрзната вода, која на одредени места е изложена. Тие го потврдија присуството на лед на Месечината уште во 2008 година со индиското летало Chandrayaan-1, а една година подоцна НАСА дојде до истиот заклучок по спуштањето на леталото LCROSS во кратер на јужниот пол на Месечината.

- Advertisement -

Водата е клучна затоа што е битна и за нас на Земјата. Астронаутите би можеле да го користат тој ресурс за пиење, бањање, полевање на билките и слично. Постои опција за разложување на водата на нејзините основни компоненти, кислород и водород, за да се направи ракетно гориво за возилата кои патуваат до и од површината на Месечината.

Но, на Месечината има уште еден битен ресурс, а тоа е Месечевата прашина. Научниците размислуваат за начините на кои тлото може да се користи како градежен материјал. Тие успеаја во симулацијата Мсечевата прашина да ја претворат во суровина за 3Д печатење. Наместо да се лансираат потеебните материјали до Месечината или до Марс, на пример, НАСА би можела да испрати роботи копачи и 3Д печатачи, кои ќе може да се користат за производство на она што им е потребно на астронаутите за живот – од алатки, преку мебел до објектите во коишто ќе се живее.

Сподели!
- Advertisement -