Крипто-валутите станаа доста популарни во изминатата година и ќе продолжат да го привлекуваат интересот на милиони потрошувачи во 2018 година. Според некои проценки овој бизнис вреди над 350 милијарди долари. Во овој контекст, Bloomberg пишува дека Huawei, третиот најголем производител на паметни телефони во светот, планира да направи телефон кој ја поддржува Blockchain технологијата, на која базираат криптовалутите.
Blockchain е технологија која е основа на речиси сите виртуелни валути и практично функционира како дигитален регистар со јавни достапни листи со податоци кои се меѓусебно поврзани и заштитени. Huawei сака да претстави паметен телефон кој не само што може да генерира крипто-валути, туку и да ги складира и да функционира како дигитален паричник. За таа цел, компанијата веќе преговара со швајцарската компанија Sirin Labs за да го користат нивниот уникатен оперативен систем наречен SIRIN OS.
Интегрирањето на овој софтвер ќе му овозможи на уредот да работи со апликациите базирани на Blockchain, оптимизирани за Android. Претставниците на двете страни одржале серија состаноци во текот на изминатите два месеца, разговарајќи за можностите за заедничко партнерство. Ако преговорите се успешни, тоа автоматски ќе го претвори Huawei во првата мобилна компанија која ќе им понуди на потрошувачите смартфон о интегрирана Blockchain технологија.