Хрватскиот стартап Bellabeat отвори канцеларија во Њујорк и бара 20 вработени

- Advertisement -

Bellabeat е вториот најуспешен хрватски стартап според висината на собрани инвестиции. Стартапот настана во Загреб и произведува high-tech производи за трудници, фитнес следачи и други уреди користејќи вештачка интелигенција во насока на зачувување на здравјето.

Како што пренесува Poslovni Dnevnik, компанијата сега бара 20 нови вработени кои ќе бидат вработени во првата фаза на вработувања кои се предвидени кои на крај треба да создадат тим од околу 70 луѓето. Една од причините е зголемување на работата и отворање на нови канцеларии и тоа во Њујорк.

- Advertisement -

„Bellabeat го шири тимот во подрачјето на дистрибуцијата и ланецот на достава. Како претходна локација го замисливме Сан Франциско, но видовме дека е проблематичен поради преголемите временски разлики и премалку стратешки партнери. Њујорк го истражувавме веќе една година и сега е вистинското време за отворање канцеларија таму.“, изјави Сандро Мур, коосновач и директор на стартапот.

- Advertisement -

Освен новоотворените канцеларии во Њујорк, стартапот ја менува и локацијата во Загреб односно поголема локација поради зголемувањето на тимот. Освен реорганизација на работењето, стартапот ја реорганизирал и понудата. Со акцентот до сега на паметниот накит Leaf, паметното шише за вода и софтвер за вештачка интелигенција, беше претставен и нов производ: паметен освежувач на воздухот Mist.

Од стартапот објавиле дека освен фокусот на велнес и фитнес, сектор во кој еден од главните конкуренти им е Garmin, преминуваат и во секторот јога и медитација бидејќи нивните истражувања покажале дека ова е пазар кој во последно време е со засилен раст.

Сподели!
- Advertisement -