- Advertisement -
Илон Маск се одлучи за 1 април да се пошегува на својот Twitter профил, а овој потег за малку можеше да го чини и многу повеќе.
Маск во својот твит најави дека Tesla се соочува со банкрот, а набргу по објавувањето на твитот вредноста на акциите на Tesla падна за 2,5%.
- Advertisement -
„И покрај напорите да собереме средства, вклучувајќи ја и масовната продажба на велигденски јајца, многу ни е жал што мораме да објавиме дека Tesla целосно банкротираше“, стои во твитот на Маск, по што акциите бргу паднаа за 2,5%.
- Advertisement -
Кога Маск објави подоцна дека се работи за шега, веќе беше доцна.
- Advertisement -